Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов: Граѓаните да изораат до 10 метри околу куќите, пожарот не оди по земја!
Македонија

Ангелов: Граѓаните да изораат до 10 метри околу куќите, пожарот не оди по земја!

27/07/2025

AA

До 13:30 часот денеска се регистрирани вкупно 16 пожари низ државата – осум се сè уште активни, шест се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати.

Најсериозен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, каде постои ризик од доближување до населени места. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов апелираше до жителите да го исчистат просторот околу куќите и по можност да изорат заштитен појас, со цел да го спречат ширењето на огнот.

„Станува збор за села полни со луѓе, апелирам до жителите да исчистат околу своите куќи, нека најдат трактори, нека изораат по можност до 10 метри околу куќите. Ако местото е изорано и исчистено од ниска вегетација, огнот не може да се движи по земја. Паниката која се создава е непотребна, има голем број тимови на терен“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека некои села каде што има пожари се превентивно евакуирани.

Пожари се активни и во Македонска Каменица кај селото Косевица, како и во Крива Паланка кај селото Нерав. Во Македонски Брод, пожарот меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа гори веќе десет дена поради непристапниот терен. Активни пожари има и во општините Старо Нагоричане, Куманово, Желино, Прилеп и Кавадарци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy