Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангел Анѓушев: Во БРАКО покажуваме дека екологијата и економијата можат да одат заедно
Економија

Ангел Анѓушев: Во БРАКО покажуваме дека екологијата и економијата можат да одат заедно

29/07/2023

AA

Најголем дел од приходот во Грин Машинс денес доаѓа од продажбата на возила на електричен и водороден погон, за разлика од пред некоку години кога најмногу се продаваа дизел возила, вели техничкиот директор на фабриката Грин Машинс во БРАКО, машинскиот инженер Ангел Анѓушев, во изјава за медиумскиот проект Живот во зелено (Green Life).

Ангел Анѓушев, кој студираше на престижниот државен Технички универзитет во Виена, смета дека кај нас се уште постои перцепција дека екологијата и економијата се две спротиставени работи кои не може да коегзистираат.

“Во нашето општество постои перцепција дека високите еколошки технологии се нешто што постои само на Западот и во САД, но ние во БРАКО преку нашиот бренд Грин Машинс докажуваме дека можно е еколошките и високи технологии да се применат и во уникатен македонски призвод кој е успешен и се извезува насекаде во светот“.

„Брако, преку Грин Машинс, докажува дека еколошката приказна може да биде и добра економска приказна, преку отворање на нови работни места и производство и продажба на еколошки возила во над 60 земји во светот, кои се користат во сите светски метрополи, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Њу Јорк, Вашингтон, Сан Диего, Лондон, Амстердам, Париз и многу други“, вели Анѓушев во видео излагањето.

Проектот Живот во зелено (Green Life), преку серија на видео презентации и поткасти на оваа тема го реализира велешкиот портал Батали.нет, во соработка со продукцијата Тулип про, а е финансиски поддржан од Меѓународниот прес институт (International Press Institute – IPI) и Media Innovation Europe.

ПР-Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy