Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јаневска: Спроведуваме истражување за вработливоста на македонските студенти, податоците ќе помогнат за нови политики во високото образование
Македонија

Јаневска: Спроведуваме истражување за вработливоста на македонските студенти, податоците ќе помогнат за нови политики во високото образование

26/02/2025

AA

Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите
државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да видиме каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето, дали стекнатите знаења и вештини им се применливи на работното место, дали се задоволни од приходите од работата и слично. Тоа ќе ни помогне да увидиме попрецизно каков квалитет продуцираат нашите универзитети и што е тоа што треба да се промени.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на
настан на Економскиот факултет во Скопје, на кој беа презентирани резултати од
проектот „Skills4Justice“ што адресира прашања поврзани со миграцијата на
населението, а се спроведува во рамки на програмата Хоризонт на Европската Унија.

„Истражувањето ќе ни покаже дали се потребни нови студиски програми, дали е
можеби добро да воведеме интердисциплинарни студии, повеќе практична настава на
одредени факултети, редефинирање на квотите и слично. Резултатите ќе бидат корисен основ за креирање на идните високообразовни политики“, рече Јаневска.

Министерката информираше дека во процес на подготовка е нов Закон за високо
образование, кој ќе биде добра основа за поставување цврсти темели на високото
образование. Посочи дека се разгледуваат можности во законот да има и мерка во
иднина на најдобрите студенти во секоја генерација да им се понуди вработување на
јавните универзитети и научни установи.

„Се трудиме да го унапредиме квалитетот на образованието, кое во минатото често
беше причина за младите да си заминуваат во други земји барајќи подобри образовни
можности. Ќе направиме крупни промени, но потребна е посилна соработка со сите
чинители, а особено со универзитетите и бизнис заедницата, за да го стопираме
процесот на миграција“, додаде министерката, напоменувајќи дека станува збор за
голем предизвик, со оглед дека за седум години во државата има 17 илјади ученици
помалку, а бројот на студенти е намален за 7 илјади.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И

16/02/2026
Македонија

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една

16/02/2026
Македонија

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026
Македонија

„Не верувајте на шпекулации“ – Министерство за транспорт: Македонија води

16/02/2026
Македонија

Загина пешак на магистралниот пат Подмоље- Струга – го удрило

16/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ, ЌЕ ДУВА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60

16/02/2026
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
Македонија

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41517
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И ЈА ОГРАБИЛ Прилепчанка доживеала шок

16/02/2026

59-годишната С.Д. од Прилеп додека управувала со својот велосипед, едно лице ја турнало, а друго ја нападнало физички. Во нападот

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една недела

16/02/2026

Општина Центар продолжува со засилените контроли за воспоставување на комунален ред. Во текот на изминатата недела, комуналните инспектори и редари

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy