Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јаневска: Се гради иднината на Македонија со почетокот на новата учебна година
Македонија

Јаневска: Се гради иднината на Македонија со почетокот на новата учебна година

01/09/2025

AA

Денес започнува новата учебна година и во училиштата повторно се враќа детската
радост, среќа, љубопитност и натпреварувачка атмосфера. На сите ученици и на
нивните семејства, на наставниците и стручните соработници им посакувам среќен
почеток и многу успеси во деновите што следат. Сигурна сум дека секој може да ги
постигне своите цели, да ги исполни обврските и одговорностите со добро здравје и
доволно труд. Ова е пораката која по повод стартот на учебната 2025-2026 година ја
испрати министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.

Таа заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на
општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го посетија основното училиште „Кирил
Пејчиновиќ“, каде на првачињата им доделија ранчиња, униформи и нови учебници.

Јаневска посочи дека Владата и Министерството за образование и наука, заедно со
другите надлежни институции и локалните самоуправи се погрижија да бидат
обезбедени сите услови за добар старт и квалитетна настава. Како што рече,
обезбедени се учебници за сите ученици и ова повеќе нема да биде предмет на
дискусија.

Направени се крупни инвестиции во инфраструктурата онаму каде беше најнеопходно,
а најави и дека инвестициите во подобри училишта и спортски сали ќе продолжат во
периодот што следи. Започнува образованието за вештачка интелигенција. Се воведува формално образование за учениците кои се на подолго болничко лекување, а золемен е бројот образовни асистенти во основното и за прв пат се воведува образовна асистенција и во средното образование. Во употреба е пуштен и нов електронски дневник, кој повеќе нема да ја попречува работата на наставниците.

„Преостанува на учениците да учат, да истражуваат, да прашуваат, да наоѓаат и
споредуваат извори на знаења и информации и секако да градат пријателства со
нивните врсници. А на наставниците, кои се столбот на образованието, заедно со
родителите и старателите на учениците, останува да продолжат да им го трасираат
патот кон успехот на новите генерации и да ги учат на вистинските вредности“, рече
министерката, повикувајќи на сплотеност во градењето на училишта исполнети со
знаење и почит и на средина во која младите ќе сакаат да останат и да го вложат својот потенцијал. Затоа што, во училиштата денес – се гради иднината на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy