Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јаневска: Голем дел од проблемите во студентскиот дом во Тетово се веќе решени
Македонија

Јаневска: Голем дел од проблемите во студентскиот дом во Тетово се веќе решени

03/09/2025

AA

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска зборуваше за состојбата во студентскиот дом во Тетово, потенцирајќи дека голем дел од наследените проблеми се веќе решени. Според ревизорскиот извештај, околу деведесет проценти од проблемите кои можеле веднаш да се отстранат, се решени, додека за останатите е потребно повеќе време. Јаневска посочи дека, како што е наведено во извештајот и од страна на инженерите, во кујната на домот нема соодветна вентилација, што претставува сериозен градежен проблем. До негово решавање, храната ќе се обезбедува преку економски оператор, согласно закон.

Министерката нагласи дека паралелно се работи и на решавање на другите проблеми, како што се стипендиите за студенти од Шангајската листа кои студираат на врвни универзитети. Таа објасни дека претходно немало база на податоци за студентите, што сега е создадена, а договорите биле изменети за да бидат реални и изводливи – студентите сега треба да ја вратат само сумата што ја добиле и да бидат на располагање на државата пет години по завршување на студиите.

Дел од студентите формирале група „Мостови“ и соработуваат со институции како Заводот за статистика и Министерството, додека другите се следени преку шестмесечни извештаи, бидејќи нивните договори не биле безусловни.

Јаневска, исто така, зборуваше и за базата на професори кои се ангажирани и предаваат надвор од универзитетите, вклучително и во странство. Таа најави дека кога базата ќе биде доволно комплетна, информациите ќе бидат јавно објавени, со цел да се зголеми транспарентноста и довербата на граѓаните во институциите.

На новинарско прашање за малолетничкото насилство во Чаир, министерката нагласи дека иако насилството не се случувало во училишта, сите треба да работат на намалување на ваквите случаи. Таа посочи дека наставниците и училиштата се важни, но и родителите имаат клучна улога во воспитувањето на децата.

Во однос на барањата за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска рече дека е со право и дека ќе се разгледа можноста за следната година, зависно од буџетските можности. Таа додаде дека ќе продолжи да ги застапува правата на студентите и досега сите нивни барања од Министерството биле исполнети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy