Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Централниот регистар нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија
Македонија

Андоновски: Централниот регистар нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија

24/09/2025

AA

На денешната прослава по повод 24-годишнината од своето постоење, Централниот регистар истакна дека е една од првите институции која се приклучи кон платформата за интероперабилност, овозможувајќи размена на податоци помеѓу институциите на стандарден, безбеден и унифициран начин. Ова значи услуги без хартија, без чекање и без непотребна администрација.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека Централниот регистар месечно остварува над 100.000 трансакции преку оваа платформа, што ја потврдува нејзината важност како еден од клучните столбови на дигитализацијата во државата.

„Централниот регистар е институција која 24 години е мотор на македонската економија. Министерството за дигитална трансформација го гледа како еден од главните партнери во нашата визија за модерна, транспарентна и дигитална држава,“ рече Андоновски.

Тој нагласи дека, во изминатите две децении, Централниот регистар се издигнал како симбол на ефикасна администрација, управувајќи со десетици регистри и нудејќи над 100 услуги, а е и првата адреса за сите кои сакаат да започнат бизнис во Македонија.

Андоновски истакна дека за да се создаде просперитетна држава каде дигитализацијата го подобрува животот на граѓаните, ја зајакнува борбата против корупцијата, привлекува странски инвестиции и овозможува иновации, потребно е да се вложува во модерни и дигитализирани институции.

„Непречениот проток на информации меѓу институциите ја подобрува ефикасноста и овозможува услуги кои се прилагодени на потребите на граѓаните и компаниите,“ додаде министерот.

Во последните 12 месеци, Централниот регистар разви каталог на услуги за корисниците и ја интегрираше електронската идентификација преку профилот на uslugi.gov.mk, приближувајќи ја Македонија кон европскиот модел за електронски услуги.

„Сите граѓани, без разлика каде се наоѓаат, со еден профил можат да пристапат до услугите на Централниот регистар и на други институции, без да паметат десетина лозинки,“ нагласи Андоновски.

Тој најави дека Министерството за дигитална трансформација заедно со Централниот регистар ќе продолжи да работи на целосна дигитализација на услугите, поголема интеграција со европските системи и создавање услови за брзи, сигурни и транспарентни услуги за младите претприемачи и инвеститори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy