Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јанчев: Гледавме апсења и на Мијалков, Бучковски, Груевски, па влакно не им фали, а Заев си живее во Дубаи
Македонија

Јанчев: Гледавме апсења и на Мијалков, Бучковски, Груевски, па влакно не им фали, а Заев си живее во Дубаи

29/04/2025

AA

„Се изгледавме кривични пријави и обвиненија и за Заев, и за Бучковски, и за Мијалков и за Груевски, па влакно не им фали. Заев си живее во Дубаи – од уста не го вадевте кога бевте опозиција. Друга работа е – видете го делото за кое се гонат лицата од истрагата: предизвикување општа опасност. За да ги фати овој дел, лицата од истрагата требало директно да одат да подметнат пожар. Значи, ова се глупости! Се гонат службени лица и самото тоа ви кажува дека треба да одговараат за службенички криминал, за злоупотреба на службената должност или за несовесно работење во служба”, истакна на собраниската говорница пратеникот од Левица – Сашко Јанчев, обраќајќи се кон пратеникот Бојан Стојановски.

– На денот на погребите на починатите, склучивте договор од деветнаесет милиони денари за мерење рејтинг. Ова не е некрофилија? Зборувате за злоупотреба на трагедија. Се изнаслушавме и за некрофилија и за глодарене и за политичко лешинарење. Да видиме кој е некрофил тука? Ова е политичка социјална патологија – образложи Јанчев од Левица.

– Да се вратам на злоупотребата на трагедијата, а за тоа да видиме која злоупотребува, битен е случајот со промената преку ноќ на тезата за државниот обвинител Коцевски – одреден период се водеше отворена институционална и медиумска војна против Коцевски од страна на власта за преку ноќ истиот стана добар. Што се случи? Се случи трагедија во Кочани и се отвори можност под кривичен прогон на паднати ВМРО-вски функционери. Ете, тоа се случи и затоа се договоривте да не го менувате, а он да ги штити ВМРО-вските функционери, што е злоупотреба на трагедијата во Кочани – додаде Јанчев.

– Вие му понудивте да не го мените, а он за возврат да не ги гони вашите функционери. И сега се фалите со седумдесет пријави и триста испитувања. Оваа бројка на пријави е од пиар – побуди и само ја осложнува постапката! Ова спротивно е на принципот на ефикасност на кривичната постапка, а и чавките во Македонија знаат и прават голема разлика од кривична пријава, па дури и обвинителен акт до правосилна пресуда. Ова е театар за деца и младинци и е злоупотреба на трагедијата во Кочани. Значи власта е некрофилска и злоупотребува трагедијата во Кочани да го стави Коцевски во свој џеб – поентираше тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ Се

25/10/2026
Македонија

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца

24/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46361
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во

25/10/2026

Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на село Радичево,

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен одѕив на претседателските избори во

25/10/2026

До 12 часот, одѕивот на претседателските избори во Бугарија изнесува 5,8 проценти или на гласање излегле 385.092 гласачи, соопшти портпаролката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy