Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АМОНИЈАКОТ ДЕЛУВА БРЗО И РАЗОРНО: Српски токсиколог објасни што се случило во Топола
Регион

АМОНИЈАКОТ ДЕЛУВА БРЗО И РАЗОРНО: Српски токсиколог објасни што се случило во Топола

02/05/2025

AA

Во Србија, во Топола, четири луѓе загинаа, а еден е тешко повреден откако се обиделе да спасат маж кој паднал во септичка јама. Трагедијата се случила поради задушување од гасови, најверојатно амонијак.

Токсикологот Радомир Ковачевиќ за Euronews Србија објасни како се случуваат вакви немили настани. 

„Ова е класичен пример на акутна интоксикација со гас во затворен простор“, вели Ковачевиќ.

Објаснува дека првиот човек кој паднал во јамата најверојатно веднаш вдишал висока концентрација на отровни гасови и изгубил свест. Останатите, во обид да го спасат, несвесно влегле во истата смртоносна атмосфера, што довело до задушување. 

„Тоа веќе не се тие импровизирани јами. Денес тие се армирани, херметички затворени бетонски базени. Кога ќе се отвори таква јама, доаѓа до ненадејна емисија на гасови – амонијак, метан, јаглерод моноксид, азот и сулфурни соединенија”, објаснува тој.

Амонијакот и сличните гасови делуваат брзо и разорно.

„Тие влегуваат преку респираторниот систем, кој има површина од 100 до 200 метри квадратни. Тоа се белите дробови, органот кој најбрзо ги апсорбира гасовите. Отровот стигнува до крвотокот за неколку секунди, а потоа до мозокот, срцето и црниот дроб“, вели Ковачевиќ.

Ова води до респираторен застој, губење на свеста и срцев удар – сето тоа во рок од неколку минути.

„Во овие услови терапијата е речиси невозможна бидејќи телото не може доволно брзо да се справи со отровот. Тоа е акутна, брза и многу сериозна интоксикација“, предупредува тој.

Природната човечка реакција да се помогне во овој сличај беше фатална. 

„Нашиот инстинкт, алтруизмот е тој што нè принудува да помогнеме. Но, без заштитна опрема, тоа значи директна изложеност на смртоносни гасови“, вели Ковачевиќ.

Тој додава дека сличен инцидент е забележан и во неговиот роден град Александровац кога три лица загинале обидувајќи се да спасат едно.

„Реакцијата е брза, а исходот трагичен. Првиот паѓа, вториот го следи, третиот се обидува да го извлече. Ако нема вентилација, никој нема шанса“, посочува тој.

Пред сè, неопходно е технички правилно да се дизајнираат јами за отпад и да се обезбеди нивно безбедно користење.

„Мора да има механички системи за евакуација – потопни пумпи, цевководи, вентилација. Влегувањето во такви простори мора да биде последно средство и со соодветна заштитна опрема и детектори за гас“, вели токсикологот. 

Ковачевиќ предупредува дека многу објекти не се изградени согласно безбедносните стандарди.

„Доколку животните умрат и се остават во јама доаѓа до распаѓање и испуштање гасови. Без техничка контрола и безбедносна проценка, ваквите несреќи се само прашање на време“, додава токсикологот.

Општината Топола прогласи тридневна жалост. 

Семејството Јокиќ изгуби три генерации во еден ден.

фото nova.rs

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД

19/10/2026
Македонија

„ИЛИ ЦЕЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ, ИЛИ

19/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ

19/10/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СОЗДАВААТ СО ДЕЦЕНИИ, А СЕ БРИШАТ СО ЕДНО

19/10/2026
Македонија

СЕ МЕНУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА СТАРА НАД 40 ГОДИНИ ВО БИТОЛА

19/10/2026
Македонија

КРАЖБА ВО ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА Вработена му дала клуч на 42-годишник,

19/10/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИ СОФИЈА ЗА ДИПЛОМАТСКИ МЕРКИ Изјавите за Ива

19/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО, БИЛ ОБВИНЕТ ЗА

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46266
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД НАИ СО 2.152 ГЛАСА Официјални

19/10/2026

Според првичните официјални резултати на ДИК на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, одѕивот изнесувал 46,58 проценти, односно гласале

„ИЛИ ЦЕЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ, ИЛИ ИЗЛЕГУВАМЕ НА УЛИЦА“ Студентите Албанци

19/10/2026

Студентите Албанци не се откажуваат од барањето целиот правосуден испит да го полагаат на албански јазик и, ако тоа не

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА За евакуацијата треба

19/10/2026

Прашањата на Обвинителството за бројот на влезови и излези во дискотеката „Пулс“ во Кочани и можноста за евакуација на посетителите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy