Американка со практичен пример објаснува за колку поскапела храната
Поскапува живеачката и во САД. Цените на храната растат. Американка споредила сметки од 2020 и 2023 година, a разликата е огромна.
Ејми ги споредила сметките за исти намирници во 2020 година, кон крајот на 2022 година и средината на јануари 2023 година. Вели дека има зголемување на цените за 50 отсто.
„Пред крајот на 2020 година отидов во „Walmart“ и ги купив сите овие намирници за 10 долари и 9 центи. Во текот на 2022 година, имаше многу приказни за инфлацијата, па отидов и повторно ги купив истите намирници кои изнесуваа 10 отсто повеќе“, навела Ејми.
Многу од цените ги знае напамет и веднаш забележува дека има покачување.
„Оваа недела повторно отидов и ги купив истите намирници, кои сега изнесуваат 15 долари и 10 центи, што е приближно 50 отсто повеќе во однос на крајот на 2020 година“, заклучила таа.
Девојката зборува за намирници кои биле доволни за оброци за едно лице за цела недела.
Во еврозоната инфлацијата е присутна, но се смета дека глобално светот ќе се соочи со поголеми предизвици како што се климатските промени.