Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Амбасадорката Агелер: „Македонија е земја што ја сакам и ја ценам, со огромен потенцијал за младите“
Македонија

Амбасадорката Агелер: „Македонија е земја што ја сакам и ја ценам, со огромен потенцијал за младите“

29/08/2025

AA

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, во интервју за утринската програма „Македонија наутро“ на МРТВ, зборуваше за своето секојдневие, впечатоците за Македонија и нејзината работа како амбасадорка.

Агелер откри дека денот ѝ започнува многу рано, со прошетка на кучето, вежбање и преглед на вестите и електронската пошта, пред да пристигне во Амбасадата околу 8:30–9:00 часот.

„Утрото е многу важно за поставување на тонот за денот и за да бидеш подготвен за секој предизвик“, рече таа.

Опишувајќи како изгледа еден работен ден, амбасадорката посочи дека секојдневието ѝ е исполнето со состаноци и средби со институции, граѓани, студенти и политичари.

„Една од големите предности на тоа да се биде американски амбасадор е што соработуваме со македонската Влада и со граѓаните на теми како економијата, безбедносната и воената соработка, сигурноста и градењето на светла иднина“, истакна Агелер.

Таа потсети дека во Скопје работела и пред околу 12 години, во Одделот за односи со јавноста.

„Се заљубив во оваа земја, во луѓето, културното наследство, традициите, храната и виното. Чест и привилегија е да се биде амбасадор на САД токму овде“, додаде таа.

Говорејќи за македонското гостопримство, Агелер нагласи дека пријателствата во земјава се трајни.

„Кога ќе станете пријател со некого, станувате дел од семејството. Навистина е прекрасно што по враќањето овде имав пријатели кои ме прифатија како никогаш да не сум заминала“, изјави таа.

Меѓу анегдотите од престојот, амбасадорката ја спомена и македонската кујна, посебно пастрмајлијата.

„Не можам да изберам омилена, затоа што секој град смета дека неговата е најдобра. Сите се различни и вкусни“, рече Агелер со насмевка.

На прашањето за балансирањето на работните и приватните обврски, таа одговори дека „таен рецепт“ нема: „Клучот е да го сакате тоа што го правите и да работите напорно. Тоа важи и за мажите и за жените“.

Во завршните зборови од интервјуто, Агелер ја изрази својата приврзаност кон земјава: „Ова е земја што ја сакам и ја ценам. Тука има многу потенцијал, особено кај младите, и би сакала да го видам тој потенцијал остварен. САД секогаш ќе бидат тука, да работиме заедно со вас за тие цели“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy