Алтернатива сѐ уште не ги добила сите ресори во Влада?!
Алтернатива се уште не ги добила сите ветени раководни позиции во Владата.
Ова го изјави секретарот на оваа партија, Зекрија Ибрахими на ТВ21 каде истакна дека тие не се против Алијанса за Албанците да влезе во Влада, но тоа што и пречи на партијата е непочитувањето на договорот за ресорите со кои треба да раководат.
„Не го знам вкупниот број, но 15 управи се уште не се доделени. Сега претпоставете како се чувствуваме ние кои требаше да го направиме тој скок по цена на сите тие обвинувања и на крај да дојде некој и да ти каже, знаете што, и тие ресори што ги земавте, ќе ви земеме малку од нив. И со тие другите што се во писмена форма и што се уште не се спроведени, што правиме? Излегува дека вие не го исполнувате склучениот договор“, вели Зеќирија Ибрахими.