
Алкараз го растури Медведев и закажа финале против Ѓоковиќ
Двајцата тенисери беа сигурни на своите сервиси до осмиот гем, кога Алкараз направи брејк за да го освои сетот со 6-3. Шпанецот продолжи со одличната игра и во вториот сет, каде што направи брејк во третиот и деветтиот гем и стигна до 6-3.
Медведев не се предаваше, иако лошо го почна последниот сет и имаше негатива од 0-3, па набрзо намали на 3-4. Сепак, Алкараз направи уште еден брејк на сервис на Русинот и потоа сервираше за 6-3.
Алкараз ќе игра во финале против Новак Ѓоковиќ, кој претходно беше подобар од Јаник Синер со 3-0 во сетови.