Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?
Економија

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

16/03/2025

AA

Иако албанските власти објавија дека меѓу другите имаат и македонски
државјани сезонци, сепак во земјава прашавме по агенциите за посредување при
вработување и оттаму велат дека нема некое поголемо и посериозно регрутирање на
работници за ангажман кај западниот сосед. Прашавме и во Дебар, дали жители на
овој град одат на сезонска работа во Албанија и граѓаните велат дека такви
случаи се ретки и се договараат преку лични контакти.

„Заминуваат нашиве во Германија и мојот син е таму. Се селат и во Австрија.
И да има некој да отишол во Албанија, тоа е ретко. Има обратни случаи, од
Албанија доаѓаат да работат во Дебар. Во кафулињата се вработуваат, а за друго
не сум слушнала“, вели жителка на селото Жировница.

Побогатите европски земји се најатрактивни за македонските граѓани.

„Сме имале неколку побарувања од компании од Албанија, ама ништо конкретно.
Немало заинтересираност од кај нас. Јазичната бариера е проблем. Повеќето
сакаат да одат во Германија и Хрватска да работат“, велат од Посредник24.

Соседна Албанија
и летово ќе има потреба од странски работници. Кујтим Дервиши од
Здружението на ресторани и гостилници објасни дека и годинава, во
пресрет на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите имаат
недостиг на работници. Го контактиравме Дервиши дали има повеќе
информации за тоа каде работат македонските државјани во Албанија, но тој не
располагаше со детали.  Во Албанија им требаат
повеќе од
2.000 работници, готвачи, келнери, шанкери, хигиеничари, но и возачи,
туристички водичи и менаџери. 

Според податоците на
Национална агенција за вработување и вештини (АКПА) минатата година во Албанија
со редовен договор за вработување биле ангажирани над 13.000 странски
државјани. Доминираат италијански, турски и индиски, а како
што соопштија, не е мал процентот и на македонски, косовски и пакистански
државјани. Ако ги погледнеме огласите за вработување во
Албанија, на дел од нив се нудат и плати од 1.000 евра, па дури и 1.500 евра,
но има и доста огласи на кои износот на платата е 800 евра.  

Албанија е прва во
светот по зголемување на бројот на туристи,
според Светскиот
туристички барометар. Според бројките, земјата пречекала 7,5 милиони
туристи во 2022 година, а во 2023 година тој број има зголемување за околу
30 отсто, односно 10,1 милиони. Албанскиот премиер Еди Рама
претходно изрази надеж дека со зголемување на платите ќе се намали иселувањето
од земјата.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
Македонија

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за

04/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова додели „Инженерски прстен“ на најуспешните 14 млади инженери

04/09/2026
Македонија

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од

04/09/2026
Македонија

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на

04/09/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување, лихварство и перење пари во

04/09/2026
Македонија

Брзата интервенција спречи пожарот кај Националниот парк Маврово да се

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45465
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата пресметка: Институциите најавуваат нови мерки

04/09/2026

Тринаесетгодишно момче избодено со нож во пределот на срцето се наоѓа во стабилна, но и понатаму животнозагрозувачка состојба. Лекарите будно

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026

На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни,

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за учество во нејзината обнова

04/09/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на официјалната посета на Украина оствари средба со својот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy