Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО ПЛАНИРАТЕ ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Грчката влада ги зголемува туристичките такси
Регион

АКО ПЛАНИРАТЕ ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Грчката влада ги зголемува туристичките такси

22/11/2023

AA

Има промени кај јужниот сосед за новата туристичка сезона. Грчката влада ги зголемува туристичките такси.

Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартманите ќе поскапе од 0,50 на 1,50 евра за ноќ, а за ноќевања во хотели со пет ѕвезди од четири на десет евра од ноќевање, објавија медиумите.

„Грчката влада има намера да ги зголеми туристичките такси и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за поправка на штетите предизвикани од климатските промени“, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.

Премиерот изјави дека нивни приоритети во планот за брза помош ќе бидат „најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочиме во иднина, обезбедување финансиски средства и сеопфатен одбранбен план против климатската криза“.  Мицотакис додаде и дека владата има намера да обезбеди 3,3 милијарди евра за санирање на штетите предизвикани од поплавите во Тесалија летово. Парите треба да се добијат од фондовите на Европската унија и од буџетот. Обилните дождови на почетокот на септември предизвикаа поплави во Тесалија, во кои загинаа 17 луѓе. 

Според анкетата спроведена од Институтот за грчки туризам, минатата година, патувањата на туристите со автомобил му донеле на грчкиот туризам над 15 милијарди евра, а околу три милијарди евра од нив се слеале во грчкиот буџет. 

foto freepik.com/vwalakte

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy