
АКО ГРУБИ ПРОЗБОРИ, ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ ЌЕ СЕДНАТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Филипче, Заев, Спасовски, Зечевиќ се во голема паника и хистерија

СДСМ беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушески.
– Откако се излетаа со различни тези, соопштенија и со прес-конференции, од СДСМ не поставија ниту едно пратеничко прашање кон претставниците на Владата за Артан Груби. Дури имаат и страв кога ќе се спомне името на Артан Груби, па избегаа од собраниската сала – рече Петрушевски.
Филипче, Заев, Спасовски, Зечевиќ и останатиот дел поранешни функционери на СДСМ, додаде, се фатени во голема паника и хистерија од можните искази на Артан Груби во Обвинителството.
– Во СДСМ се свесни што сè може да каже Груби, па затоа и го бранат неговиот криминал. Толку ги немаат брането дури ни криминалите на Заев и на Филипче. Во превод, ако Груби прозбори, голем дел од поранешните функционери на СДСМ ќе треба да седнат на обвинителна клупа – рече пратеникот.
Затоа го повикуваме Јавното обвиниелство, додаде, да ги истражи сите индиции и сомнежи кои сме ги пренесувале во јавноста.
– На крајот, СДС М сам ќе си пресуд – рече пратеникот Бране Петрушевски.
.
