Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХВ во соработка со другите органи работи на расветлување на случајот со починатото дете по напад од кучиња
Македонија

АХВ во соработка со другите органи работи на расветлување на случајот со починатото дете по напад од кучиња

12/04/2023

AA

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изразува длабоко жалење за трагичниот настан во кој вчера, по напад од куче, почина осумгодишно дете од скопската населба Пинтија. АХВ е во комуникација со  надлежните од Министерството за внатрешни работи (МВР), а надлежен официјален ветеринар го испитува случајот и ќе врши проценка на околностите под кои се случил инцидентот, по што ќе бидат преземени сите мерки согласно законските овластувања и надлежности на Агенцијата.

-Лично како човек и како директор на АХВ изразувам најдлабоко жалење за трагедијата во кој згасна млад човечки живот. Од направениот увид утврдено е дека во немилиот настан  учествувале две кучиња кои имаат сопственик. Кучињата се уредно идентификувани со микрочип и тие сега се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар. Дворот во кој се чуваат кучињата е соодветно заграден и на влезот е поставен предупредувачки знак ,,Пази куче,, – вели директорот на АХВ Николче Бабовски.


Со контролата се испитува и дали сопственикот на кучињата ги испочитувал одредбите од законите за ветеринарно здравство, за идентификација и регистрација на животните и за здравствената заштита и благосостојба, односно дали се испочитувани условите пропишани во актуелната Годишна наредба за здравствена заштита на животните, условите за држење на кучињата од страна на сопственикот итн. Согласно законот, надлежниот инспектор – официјален ветеринар дава налог кучињата да се стават под официјален надзор за болеста Беснило (набљудување -опсервација) од страна на доктор по ветеринарна медицина 15 дена, со 3 клинички прегледи, објаснува Бабовски, а по завршување на опсервацијата докторот по ветеринарна медицина издава Сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животните во однос на болеста Беснило.

-По завршување на надзорот на беснило ќе се спроведе тест за социјализација на кучињата од страна на лица кои имаат овластување од Агенцијата за храна и ветеринарство. Потоа ќе се утврдуваат мерките во зависност од констатираната фактичка состојба – додава тој.


Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните, во поглед на држење на опасни кучиња сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба кучето да го чува во заграден простор или врзано и при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска. Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице.

Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. За сите понатамошни дејства кои ќе произлезат по основ на овој случај, согласно надлежностите АХВ навремено ќе информира.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42431
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“

13/04/2026

  Познатиот скопски адвокат Владимир Туфегџиќ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако преку Фејсбук објава жестоко ја критикуваше македонската

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за вакви дела во Македонија“

13/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени седум настани!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy