Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХВ со 15 забрани за работа: Запленети 696 килограми небезбедна храна
Македонија

АХВ со 15 забрани за работа: Запленети 696 килограми небезбедна храна

16/11/2025

AA

Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и
ветеринарство (АХВ) на оператори со храна  во рамки на 445 инспекциски
контроли кои  ги спроведе во  изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата (основни и средни) од  каде учениците најчесто купуваат храна.

Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Шеснаесет оператри немале имплементирано  процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна.
  
За утврдените недоследности изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy