Агуеро му одговори на Ибра: Гледај си ја Шведска!
Златан Ибрахимовиќ оваа недела ги коментираше случувањата од финалето на Светското првенство и порача дека Аргентинците веќе нема да освојат ништо поради недоличното однесување при прославата на успехот во Катар.
Кун Агуеро реши веднаш да одговори, поранешниот напаѓач на Барса, Манчестер Сити и Атлетико смета дека Златан Ибрахимовиќ не може да зборува за недолично однесување со оглед на тоа дека и самиот тој често провоцирал во кариерата.
„Да не забораваме дека и ти се имаш однесувано лошо. Паметам еден натпревар против Јунајтед, провоцираше, правеше опасни стартови. Се фати за гуша со Отаменди, се расправаше со Пеп Гвардиола. Претпоставувам дека токму поради тоа те продаде во Барселона“, вели Кун Агуеро.
„Ти си последниот кој треба да зборуваш за лошо однесување. Исто така, наместо да се грижиш за Аргентина и дали ќе освоиме нешто, грижи се за сопствената репрезентација, за твоите играчи, кои не успеаја ниту да се пласираат на Светското првенство“.