АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ ТВРДИ ДЕКА ОДГОВОРИЛА НА ПРАШАЊАТА Доставила комплетен одговор за видео надзорот во Агенцијата за храна

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) тврди дека одговорила на прашањата од порталот А1он.мк во врска со статијата „Директорот ги ‘шпионира’ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија“, достапна на следниот линк: https://a1on.mk/macedonia/direktorot-gi-shpionira-vrabotenite-vo-ahv-so-kameri-demne-pred-video-nadzorot-vo-negovata-kancelarija/, која беше пренесена и на порталот Плусинфо ДИРЕКТОРОТ НА АХВ ГИ ДЕМНЕ ВРАБОТЕНИТЕ СО КАМЕРИ – plusinfo.mk
„АЗЛП ја информира јавноста и медиумите дека тврдењата за наводното ‘неодговарање“ на новинарски прашања на порталот А1он не се точни. На 01.04.2026 година, АЗЛП примила новинарско прашање од редакцијата на А1он во врска со видео надзорот во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Прашањата беа евидентирани и разгледани согласно законските процедури, а на 03.04.2026 година, АЗЛП достави комплетен одговор на сите поставени прашања“, се наведува во реакцијата на Агенцијата.
Агенцијата потенцира дека сите новинарски прашања биле примени и обработени во согласност со законските прописи, одговорите биле комплетно доставени на наведената дата.
„Со ова, АЗЛП демантира дека ‘не се јавува’ или ‘не одговара’ на новинарските прашања“, се додава во реакцијата на Агенцијата.
.