Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Агелер во посета на Уставниот суд: Судиите да одолеат на било какви влијанија и притисоци во постапувањето
Македонија

Агелер во посета на Уставниот суд: Судиите да одолеат на било какви влијанија и притисоци во постапувањето

07/03/2025

AA

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД во земјава, Н.Е. Анџела Прајс Агелер, по што следуваше и работен состанок со судиите на Уставниот суд, проф. д-р Осман Кадриу, Насер Ајдари, Добрила Кацарска,м-р Татјана Васиќ Бозаџиева, проф.д-р Јадранка Дабовиќ, проф.д-р Ана Павловска-Данева. 

Претседателот на Судот, Костадиновски ја информираше амбасадорката Агелер за приоритетите во неговиот мандат, како и за внатрешните и надворешните предизвици со кои се соочи Уставниот суд во неговото работење изминатиот период.

„Судот во овој капацитет преку активностите кои се преземаат за поголема одлучност и бескомпромисност во постапувањето, надополнети со транспарентност и судски активизам работи засилено на враќањето на довербата во владеењето на правото и зголемување на довербата на граѓаните во Уставниот суд. Особено ќе го потенцирам напредокот во полето на транспарентноста и како пример ќе го дадам фактот дека се подготвуваме за целосно снимање и пренесување во живо на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, кој претставува исклучително сензитивен предмет и за кој ќе овозможиме на граѓаните да видат и слушнат со свои очи дека одлуките во Судот се носат објективно и без било какви влијанија”, истакна претседателот Костадиновски. 

Претседателот информираше дека Судот ќе остане непоколеблив и без оглед на сите обиди за политизација и етнизација на работата и постапувањето, цврсто ќе стои зад заштитата на Уставот и слободите и правата на човекот и граѓанинот.

„Основната надлежност на Уставниот суд е да ја штити состојбата на уставност во правниот поредок. Тоа значи дека сите акти и дејствија на сите власти да бидат усогласени со Уставот. Крајно време е сите кои и мислат добро на државата своите јавно изнесени заложби за посветеност на владеењето на правото да ги направат реални, а не лажни или декларативни,” изјави претседателот на Судот. 

Амбасадорката Агелер ја изрази поддршката од САД за  враќање на довербата во правната држава преку транспарентни постапки и одлучување исклучиво според Устав и законите. 

Амбасадорката Агелер ги охрабри Судиите да одолеваат на било какви влијанија и притисоци во постапувањето и кога ќе влезат на седница да ги остават настрана сите останати улоги, а пред се’ да бидат уставни судии.

Судиите ја поздравија долгогодишната поддршка од САД за владеење на правото. Судијата проф.д-р Павловска-Данева кажа дека е потребна поддршка од сите фактори за да се овозможи снимање на седниците на кои судиите дискутираат и ги градат случаите. 

„Особено важно за нас е што јавно ја изразувате поддршката во транспарентните постапки, да ние сме свесни дека во многу земји таков начин на водење на постапки со снимање во живо не е случај, но да не заборавиме основно е што таму имаат сосема поинаква уставна култура, изјави судијата Павловска-Данева. 

За долгогодишната поддршка во владеењето на правото од страна на амбасадата на САД во земјава ја поздрави судијата проф. Д-р Осман Кадриу. 

Работната средба се одржа на 6 март во просториите на Уставниот суд. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ

20/10/2026
Македонија

📽️ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 65.000 ЕВРА СКРИЕН ВО ПЕРНИЦА ЗА

20/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

20/10/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му

20/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН!

19/10/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46275
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ Предупредуваат на опасност од одлив

20/10/2026

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на

📽️ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 65.000 ЕВРА СКРИЕН ВО ПЕРНИЦА ЗА ВРАТ Тетовец се обидел да

20/10/2026

Царински службеници на граничниот премин Богородица откриле и заплениле златен накит вреден околу 4 милиони денари или околу 65.000 евра,

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Прилагодена грижа за секој пациент

20/10/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа се сретна со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и разговарале за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy