Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Агелер: Под истрага се политичари, луѓе од правосудството и бизнимени
Македонија

Агелер: Под истрага се политичари, луѓе од правосудството и бизнимени

23/03/2023

AA

Соединетите Американски Држави се уште не ги објавуваат имињата на оние кои се под истрага за корупција и кои можеби се дел од нивната црна листа, но, велат дека нема ограничувања за тоа кого може да вклучи оваа листа.

Во интервју за „Патот кон“ на Алсат, американската амбасадорка Ангела Агелер, вели дека институциите во Вашингтон се многу внимателни во темелните истраги за имињата што ги разгледале, пред да ги објават. Во истрагите се вклучени политичари, луѓе од правосудниот сектор и бизнисмени. Агелер рече дека зависи од институциите на земјата во Скопје, за тоа што ќе прават со овие лица.

-САД може да санкционираат поединци, но ние не ги апсиме, не доаѓаме овде да ги апсиме, само им кажуваме дека им наметнуваме одредени финансиски санкции или дека повеќе нема да можат да патуваат кон САД, или каква било форма на санкции што ќе ги добијат. Значи, САД може да кажат, еве имате две имиња на луѓе кои ќе ги санкционираме, и како што видовме со случаите што ги наведовте, санкциите остануваат и покрај судските одлуки што се донесени за тие лица, но не поттикнуваат никакви судски процеси овде. Ова и припаѓа на Владата на Северна Македонија, на функционерите избрани од народот на оваа земја. Тие треба да кажат: бараме од нашите избраници да преземат одговорност за корупцијата што ја гледаме секој ден, истакнува Агелер.

Прашана за последниот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д, американската амбасадорка рече дека институциите треба да ги истражат евентуалните сомнежи за локалната компанија која ги надгледува работите. Таа додаде дека американската компанија „Бехтел“, која го гради проектот воопшто не е поврзана со овие сомнежи.

-Мислам дека мислите на сомнежите за советниците за финансиски трансакции. Ова е засебно прашање од договорот со „Бехтел-Енка“, кој беше потпишан пред 10-ина дена, и за тој договор за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на оваа држава сме исклучително горди. Она што постојано го кажуваме е дека ако има наводи за корупција, истражете ги. Истражете ги сомнежите и ако се вистинити, покренете кривично гонење! Но, многу сме сигурни дека не се за „Бехтел“, вели Агелер во интервјуто за Алсат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Автобусите и Жичницата ќе сообраќаат по неделен ред за Велигден

09/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 9 ЛИЦА ПО МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО КИЧЕВО Употребени ножеви

09/04/2026
Македонија

Сведочења на рочиштето за „Пулс“: Инспекторката призна пропусти пред трагедијата

09/04/2026
Македонија

Син го истепал татка си во Штип!

09/04/2026
Македонија

ОСВЕН БУЧАВАТА, ДИСКОТЕКИТЕ И КАФЕ-БАРОВИТЕ НЕМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

09/04/2026
Македонија

Трактор излетал од патот во Смоквица и паднал во речното

09/04/2026
Македонија

Трагедија во Богданци, загина тракторист!

09/04/2026
Македонија

Костадиновски: Нека бидат спокојни граѓаните никој нема да го чепне

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42303
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Автобусите и Жичницата ќе сообраќаат по неделен ред за Велигден

09/04/2026

Градските автобуси и Жичницата во Скопје ќе го прилагодат сообраќајот за време на продолжениот викенд по повод верскиот празник Велигден.

ПРИВЕДЕНИ 9 ЛИЦА ПО МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО КИЧЕВО Употребени ножеви и дрвени предмети

09/04/2026

Девет лица беа приведени по масовна тепачка со ножеви и дрвени предмети на Осломешка крстосница во Кичево. Инцидентот се случил

Сведочења на рочиштето за „Пулс“: Инспекторката призна пропусти пред трагедијата

09/04/2026

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се презентираа нови детали за инспекцискиот надзор врз објектот пред

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy