
ЈА УДРИЛ „ЛЕНД РОВЕР“ ДОДЕКА ТУРКАЛА ВЕЛОСИПЕД Тешко повредена 77-годишна жена во Гевгелија

77-годишна жена од Гевгелија е тешко повредена откако била удрена од автомобил на булеварот „Гевгелија“ во градот, информира полицијата.
Според информациите, несреќата се случила на 19 февруари околу 11:05 часот, кога патничко возило „ленд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Л.Р. од Гевгелија, удрило во пешачката Б.Д. (77), која во моментот туркала велосипед.
Од МВР соопштија дека жената се здобила со тешки телесни повреди.
– Повредите се констатирани во Јавната здравствена установа Гевгелија – информираат од полицијата.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија, а се работи на целосно расчистување на случајот.
Meta description:
.
