Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈА ПРЕКИНАВМЕ ПОЛИТИЧКАТА ИГРА НА НЕКРОФИЛСТВО НА СДСМ И НА ЛЕВИЦА Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека никој нема да лови политички поени на трагедиите
Македонија

ЈА ПРЕКИНАВМЕ ПОЛИТИЧКАТА ИГРА НА НЕКРОФИЛСТВО НА СДСМ И НА ЛЕВИЦА Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека никој нема да лови политички поени на трагедиите

03/12/2025

AA

Сакам да известам јавноста дека денеска на Собраниска седмица со 84 гласови „за“ беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која што ќе треба да ги опфати сите оние немили случаи и трагедии кои што однесува 138 човечки животи, меѓу кои што се и модуларната клиника во Тетово, автобуските несреќи кај Ласкарци и во Бугарија, но и како трагедијата која што го потресе целиот народ, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, рече на прес конференција во Собранието пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „Твоја Македонија” Бојан Стојаноски.

– Со ова, сакаме да укажеме дека како мнозинство, ние практично сме први кои што сакаат овие случаи да се расчистат. Одговорноста, дали законска, дали политичка, го стигне секој оној кој што бил виновен за случувањето на овие трагедии.

Она кое што е важно и би сакал да го истакнам, е дека со ова, успеавме да ја прекинеме политичката игра на некрофилство во која што беа западнати СДСМ и Левица сакајки да добијат политички поени од едни вакви трагедии.

Навистина е неразбирливо за нас, да се соопштува ставот дека ние сме изгласале нешто кое што ќе ја затскрие правдата, кога напротив, повторувам, отвораме можност за сите оние големи трагедии да се продискутира во Собранието и секој еден кој што е засегнат да дојде, да постави прашање, да соопшти мислење и да го на крај најдеме одговорот на сите прашања кои што ги имаат граѓаните.

Илузорно и лицемерно е луѓе кои што беа архитекти на системот во изминатите години сега да укажуваат дека некој сакал да направи контрапротест или протест и користење на такви зборови кои што се недозволиви за едни вакви трагедии.

И паралелно со ова би сакал да кажам дека ние од првиот ден на ваквата трагедија ги повикуваме сите надлежни институции да се вложат во расчистувањето на овој случај, да нема затскривање, како што имаше во времето кога државата ја управува СДСМ и ДУИ, кога се закажува анкетни комисии, а истите тие не присуствува и не правеа кворум. И за таа цел го повикавме и претседателот на политичката партија Левица, но и сите други пратенички групи, да најдеме нов датум за она седница која што треба да се случи на 9-ти декември, да одлучиме сите заедно кога до крајот на годината таа седница би требала да биде одржана за да можат да присуствуваат сите тие кои што се поканети, меѓу кои и премиерот на Република Македонија.

Уште еднаш кажувам, ние како мнозинство и како политичка партија апсолутно немаме од што да бегаме.

Тука сме да ги расчистиме сите од оние прашања кои што ги имаат и родителите, како и на загинатите од Кочани, но и на сите претходни трагедии и веруваме дека преку една ваква сеопфатна анкетна комисија ќе можеме да дојдеме до одговорот на сите прашања кои што се поставени во општеството – рече Стојаноски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy