Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 85 македонски државјани пристигнаа од Израел – благодарни што пристигнале дома на време
Македонија

85 македонски државјани пристигнаа од Израел – благодарни што пристигнале дома на време

13/10/2023

AA

Околу 85 македонски државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје. Според изјавите на дел од патниците, стравувајќи за својот живот, по престој во различни места во Израел, решиле да се вратат дома.

– Седевме седум месеци, како туристи. Супер ни беше, многу убави спомени имам, но, ете, се случи ова, многу лошо. Ние бевме во Ашдод. Таму останаа неколку Македонци, рече Марица Јаневска од Куманово, патник во авионот.

Патникот Саше Јовановски е благодарен што пристигнал дома на време.

– Верувајте дека не е лесно. Сепак јас бев во тој дел каде што немаше многу конфликти, рече тој, дополнувајќи дека очекува и другите македонски државјани да се вратат.

Во авионот денеска имаше патници и од Србија и од Црна Гора. И за нив, враќањето дома е спас од тамошната ситуација.

– Стана опасно на улица, не можеше да се издржи, рече еден од патниците.

Според друг патник, најлошото допрва доаѓа. – Живеев таму девет месеци, беше сигурно во крајот во кој што живеев, но мислам дека најлошото допрва доаѓа, рече тој.

Според изјавите на патниците, на летот имало повеќе од 70 патници од Србија, а имало и Албанци и Црногорци.

– Не бев исплашен за враќањето, сакав да останам, но штом падна првата бомба на местото каде што живеев, одлучив да се вратам, рече уште еден патник.

Согласно одлуката донесена од страна на Владата, беше организиран авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои побарале да се вратат во Северна Македонија.

Како што соопштија вчера од Владата, во услови на целосно откажани летови и блокиран авио-транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“, а трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.

Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво – Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Северна Македонија.

– Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Северна Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференција вчера информираше дека од Израел се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош, а за денеска, како што кажа, се очекуваше да бидат вратени уште 90 граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy