Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 81 година од депортацијата на македонските Евреи
Македонија

81 година од депортацијата на македонските Евреи

11/03/2024

AA

Холокаустот е најужасната трагедија во еврејската историја, нападот на Хамас е најужасниот ден за Израел-сеќавање на депортацијата. 81 година од депортацијата на македонските Евреи во логорот „Треблинка“. Сведоштва од семејства чии членови ги зафатил пеколот …
Алегра и Нико Пардо се дел од шестмината кои се спасиле од ужасите на Треблинка. Побегнале уште пред да бидат донесени во скопскиот монопол. Но таа среќа ја немале нивните роднини кои на 11 март 1943-та биле депортирани во логорот на смртта, од каде никогаш не се вратиле. 81 година подоцна, нивните внуки Лиат и Ирис Пардо од Израел, првпат доаѓаат во Македонија. Со солзи во очите ни раскажаа за траумата на нивното семејство. Ужасите од холокаустот велат, ги оживува војната во Израел.

„Нашите две фамилии беа однесени во Треблинка. Сите умреа. Мојата баба, нејзините четири браќа, братучедите и моите прадедовци“, изјави Лиад Пардо.

„Пред 81 година го замолчеа светот, а сега сакаат повторно да не замолчат, сега е исто сè уште се случува истото, жени и мажи се силувани, 100-тина киднапирани маршираме за холокаустот, но сликата е иста, омразата за Евреите е иста, антисемитизмот е низ цела Европа и ова мора да се промени“, изјави Ирис Пардо.

Во Треблинка е убиена и целата фамилија на Здравко Шами. Единствено жив останува неговиот татко, кој успеал да избега од затворот на нацистите.

Претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви со критика, светот според него не е успеа да ја научи лекцијата од холокаустот.

Земјава се придржува на гласното – „не“ на демократскиот свет против какви било облици на нетолеранција, антисемитизам и фашизам, порача премиерот Џафери според кој Македонија секогаш била и останува на вистинската страна на историјата. За амбасадорка Франкел Израел денеска минува низ најмрачните денови во поновата историја.

МРТ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy