
34 загинати и 12 повредени во судар на автобус и автомобил во Алжир
Најмалку 34 лица загинаа во судар на автобус и автомобил во Алжир.
Несреќата се случила во 3 часот по Гринич во градот Таманрасе, на околу 1.500 километри од главниот град на Алжир.
При судирот автобусот се запалил, а 34 лица изгореле до смрт. Во инцидентот се повредени и 12 лица.
Катастрофите во Алжир се честа појава. Минатата година во земјава во сообраќајни несреќи загинале 907 лица.