Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 30 дневен притвор за две лица по убиството во Тетово, двајца се во бегство!
Македонија

30 дневен притвор за две лица по убиството во Тетово, двајца се во бегство!

13/08/2025

AA

СВР Тетово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал до Основното јавно обвинителство Тетово поднесоа кривична пријава против четири лица во врска со вооружената престрелка и убиството што се случи на 10.08.2025 во Тетово.

Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од с. Гајре, тетовско, кој беше лишен од слобода на 11.08.2025 во с.Гајре, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 3, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Против М.Т.(45) од Тетово и З.М. (37) од с. Гајре поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ (во обид) по член 123 став 1 во врска со член 19, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 10.08.2025 на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина.

Иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена. М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy