
30 дена притвор за директорот и раководителот од „Комунална хигиена“: Судот го прифати предлогот на Обвинителството
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје попладнево им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на две лица, поврзани со случајот во ЈП „Комунална хигиена“.
Како што соопштија од Судот, судијата постапувал по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара притвор за осомничените С.Р. (вработен во ЈП „Комунална хигиена“) и А.С. (исто така вработен во претпријатието).
Двајцата попладнево беа спроведени во судот, каде дале исказ во присуство на Јавен обвинител и нивните бранители.
„Согласно решението на судот, за осомничените С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална Хигиена“, мерката притвор е определена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1, точка 2 и 3“, се вели во соопштението.
Поточно, Судот оценил дека постои:
Двајцата се сомничат за сторено кривично дело од чл. 230 ст. 1 од Кривичниот законик – „Загрозување на животната средина и природата со отпад“.
Против овие решенија, одбраната има право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.
