Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 3.500.000 денари финансиска поддршка на пензионери со пензии до 20.122 денари
Македонија

3.500.000 денари финансиска поддршка на пензионери со пензии до 20.122 денари

21/11/2023

AA

Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка наменета за пензионери со пензии до 20.122 денари, кои се жители на Општината. Јавниот повик е отворен од денеска 21.11.2023 година, заклучно до 06.12.2023 година.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски појасни дека висината на еднократната финансиска поддршка изнесува вкупно 3.500.000 денари односно по 2.000,00 денари од корисник, а исплатата ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата во Буџетот на Општина Центар, Скопје за 2023 година.

„Во пресрет на претстојните новогодишни празници и семејни слави верувам дека овие средства ќе им помогнат на нашите повозрасни сограѓани да ја збогатат трпезата или да ги олеснат семејните трошоци. Општина Центар втора година по ред обезбедува поддршка за повозрасните граѓани во општината, пензионерите. Искрено верувам дека оваа помош ќе биде добредојдена. Затоа ги повикувам граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат на Јавниот повик и станат корисници на мерката“, изјави Герасимовски.

За остварување на правото на користење на финансиската поддршка, заинтересираните граѓани треба да бидат корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија не повисока од 20.122,00 денари и да бидат жители на Општина Центар-Скопје. Граѓаните кои ги исполнуваат овие услови ќе треба да поднесат: Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата, за последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2023 година). Барањето за доделување на финансиска поддршка за пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје (архива на Општина Центар-Скопје, барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје https://www.centar.gov.mk/?p=19130. Потребната документација може да се достави секој работен ден во барака 6 (Сала на Совет на Општина Центар – Скопје), од 09.00 до 14.00 часот.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар-Скопје ќе изготви Решенија за доделување на финансиска поддршка. Исплатата на предвидениот износ за финансиска поддршка (во висина од 2.000,00 денари), ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје, директно на трансакциските сметки кои барателите ги доставиле како потребна документација. Исплатата ќе биде реализирана до крајот на 2023 година.

Општина Центар ги повикува сите пензионери, кои се корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија и ги исполнуваат потребните критериуми, да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy