Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 18-ти „Марш на ангелите“ во чест на загинатите од трагедијата во „Пулс“
Македонија

18-ти „Марш на ангелите“ во чест на загинатите од трагедијата во „Пулс“

16/08/2025

AA

Со силна порака дека „спомените се единствената сила што нè држи исправени“, денеска во Кочани се одржа 18. „Марш на ангелите“, посветен на младите животи што згаснаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Настанот се одржа токму на денот кога се навршуваат пет месеци од трагедијата што роднините и пријателите ја опишуваат како најтешкиот ден во нивните животи.

„Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. … Спомените се единствената сила што не држи исправени. Мостот меѓу вчера и денес. Љубовта што ја оставија зад себе е вечна и никогаш нема да згасне“, рече Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов, во обраќањето пред присутните.

Маршот започна во 18:05 часот од пред Паркот на револуцијата, а учесниците поминаа покрај судот, обвинителството и трговскиот центар, застанувајќи пред повеќе локации поврзани со нивната борба за правда.

На транспарентите што ги носеа роднините стоеја пораки како:
✦ „Колку животи треба да згаснат за вие да се разбурите“
✦ „Моето дете не умре, беше убиено од систем кој не штити, туку убива“
✦ „62 животи – 62 иднини, 62 семејства со вечна болка“
✦ „Правда и одговорност – нема мир без тоа“

Во исто време, Министерството за внатрешни работи постави контроли на влезовите во Кочани и не им дозволуваше на граѓаните од други градови да влезат во градот за да учествуваат на „Маршот за ангелите“.

Со ваквата постапка, како што реагираа дел од учесниците и организаторите, се нарушува уставно загарантираното право на слободно движење и правото на мирен протест, кои се темелни демократски вредности гарантирани со Уставот.

Според присутните, ограничувањето предизвика револт кај граѓаните, а настанот во Кочани се одвиваше под засилено полициско присуство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy