Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 121 година од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев
Македонија

121 година од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

04/05/2024

AA

Македонија денеска одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката.

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.

Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

22/02/2026
Македонија

НЕКОЛКУ СТОТИНИ МАСКИ ГИ РАЗВЕСЕЛИЈА ПРИЛЕПЧАНИ Традиционално, парадата ја предводеа

22/02/2026
Македонија

Луна парк до јуни 2027? Градот во финална фаза на

22/02/2026
Македонија

СО ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ ИЗВЛЕКЛЕ 3,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Кривични за четворица

22/02/2026
Македонија

Разбиена измамничка мрежа: Од стари лица извлекле 3,7 милиони денари

22/02/2026
Македонија

Приведен 23-годишник од Скопје – повредил малолетник со метална монета

22/02/2026
Македонија

Тепачка во Затвор Скопје

22/02/2026
Македонија

ПОЧИНА СТРУЖАНКА ОТКАКО ВО НЕА УДРИ КАМИОН Возачот е приведен

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41784
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

22/02/2026

Министерот за здравство Азир Алиу во изјава за емисијата КОД соопшти дека од досега процесуираните десет компании кои поседуваат лиценци

НЕКОЛКУ СТОТИНИ МАСКИ ГИ РАЗВЕСЕЛИЈА ПРИЛЕПЧАНИ Традиционално, парадата ја предводеа Мечкарите

22/02/2026

Со неколку стотини маскирани од земјава и странство во Прилеп по 25-ти пат денеска се одржа карневалот „Прочка“. Дефилето на

Луна парк до јуни 2027? Градот во финална фаза на тендер

22/02/2026

Скопје се подготвува за нова фаза во развојот на јавниот превоз. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека теренските активности за проектот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy