Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 101 –ГОДИНА НА КОМОРАТА: Макстил АД Скопје,добитник на награда за зелена агенда
Економија

101 –ГОДИНА НА КОМОРАТА: Макстил АД Скопје,добитник на награда за зелена агенда

13/07/2023

AA

Стопанската
комора на Северна Македонија денес е
модерна водечка бизнис асоцијација кај
нас и во регионот, партнер на државата
и сервис на компаниите. По
повод годишнината, Управниот одбор на
Комората на седницата одржана на
21.06.2023 година, донесе одлука за доделување
на награди во неколку категории.


Наша
делегација во состав м-р Зоран Јовановски,
потпретседател, Билјана Пеева-Ѓуриќ
оперативен директор и м-р Михајло Донев,
проект менаџер во Стопанската комора
ја врачија наградата за зелена агенда
на Макстил АД Скопје на генералниот
директор Марија Дуковска Павловска по
повод годишнината на Комората. 

Добивање
на течен челик, препораките на глобално
ниво за да се има „зелен челик“ е
производството во електропечка, а тоа
е еден од главните „адути“ на компанијата
Макстил, а што истовремено е тенденција
за остварување на голем број челичарници
кои работат со железна руда.

Процесот
на прилагодување на начинот на производство
кој е пред многумина од производителите,
Макстил успешно го применува веќе
извесно време давајќи огромен придонес
пред се во „зелената агенда“, поточно
во зачувувањето на здравјето на луѓето
и секако зачувувањето на животната
средина.

Исто
така, системот за отпрашување во
челичарницата со чија помош влијанието
врз загадувањето на воздухот е елиминирано,
тоа е неспоредливо помало од законски
пропишаните минимални вредности, како
и од регулативата во Европската Унија.
Во тој контекст се и последните квартални
мерења на емисионите вредности на цврсти
честички кои што покажуваат вредности
помали од три до пет пати од пропишаните
вредности.

Воедно
во контекст на зелената агенда се исто
така заложбите за спроведување на
суштинска циркуларна економија и
определбата за „нула отпад“, односно
реискористување на сите нус-производи
во процесот на добивање готов производ.
Залагањата се секојдневни во контекст
на елиминирање на отпадот и намалување
на загадувањето, одржување на производите
и на материјалите што е можно подолго
во употреба и зачувување на природните
ресурси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy