Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 1.894 повици на 112 во последното деноноќие, пожарникарите интервенирале на неколку запалени оџаци!
Македонија

1.894 повици на 112 во последното деноноќие, пожарникарите интервенирале на неколку запалени оџаци!

14/01/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 35,06%, а 64,94% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,55%, кон Итната медицинска помош 37,23%, кон пожарникарите 6,49% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Инаку, 1.234 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,73% со другите 64,94% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Според извештаите во ЦУК за регистрираните пожари, податоците покажуваат дека и покрај студените температури, пожари на отворено се уште има, а и дека дел од пожарите во населени места се заради запалени оџаци.

Пожарникарите од Бригдата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје од 17:38 до 18:30 часот, со 8 пожарникари и 3 ПП возила гаснеле запалена куќа на површина од околу 40 м2 на ул. „Жан Жорес“(Општина Гази Баба). Во период од 03:50 до 04:45 часот, со 2 ПП возила и 4 пожарникари гаснеле запалено патничко моторно возило марка „голф 3“ на ул. „Методија Андонов Ченто“ (Опш.Гази баба). Имале и четри други помали интервенции и тоа поради опожарено ѓубре, отпаден материјал, запалени електрични кабли и опожарен контејнер на разни локации во градот и околината.

Пожарникарите од Територијалната за противпожарна единица (ТППЕ) Струга од 15:05 до 16:30 часот со 4 пожарникари и 1 ПП возила гаснеле запалена кровна конструкција на објект во с.Радолишта и имале уште една помала интервенција поради запален оџак.

Пожарникарите од ТППЕ Прилеп од 09:55 до 12:15 часот со 8 пожарникари и 2 ПП возила гаснеле запалена куќа на ул. „Ладо Лапецот“ и имале уште две помали интервеции поради запалени оџаци.

Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе од 11:30 до 13:30 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 0,2 хектари во с. Стањевци.

ТППЕ Велес во изминатото деноноќие имале (1) една помала интервенција поради запален оџак.

РЦУК – Тетово, известува од ТППЕ Гостивар дека во изминатото деноноќие со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено патничко моторно возило на патот од Бунец кон Маврово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
Македонија

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата

22/08/2026
Македонија

17 пожари на отворен простор регистрирани до 13 часот, 11

22/08/2026
Македонија

Над 260 прекршоци во една вечер во Скопје, санкционирани 102

22/08/2026
Македонија

Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45185
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026

Општина Карпош ги засилува превентивните активности за намалување на ризикот од ширење на вирусот на Западнонилската треска, во услови на

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026

Запуштената зелена површина на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје се уредува и наскоро треба да добие нов изглед, информира

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026

Повеќе региони во земјава денеска се погодени од пожари на отворен простор, при што најмалку 20 пожари се регистрирани на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy