Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зголемен авионски сообраќај за време на изборниот викенд – 12 чартер летови на аеродромите во Охрид и Скопје
Македонија

Зголемен авионски сообраќај за време на изборниот викенд – 12 чартер летови на аеродромите во Охрид и Скопје

02/11/2025

AA

Според информациите на СДК.мк, за време на изборниот викенд, кога се одржуваше вториот круг од локалните избори, на аеродромите во Охрид и Скопје беше забележан значително зголемен авионски сообраќај, со вкупно 12 вонредни чартер летови.

Најголем дел од нив беа реализирани на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, каде во саботата, на 1 ноември, покрај редовните линии, слетаа шест дополнителни авиони. Два од нив биле од типот „Ербас А320“ со по 180 седишта од Базел, а четири „Ембраер 190“ со капацитет од 110 до 134 седишта пристигнале од Цирих.

Следниот ден, во неделата наутро, во Охрид биле реализирани уште два чартер лета – еден од Цирих и еден од Братислава.

На Меѓународниот аеродром Скопје во саботата пристигнале чартер летови од Цирих, Базел и Дортмунд, а во неделата и еден лет од Диселдорф. Капацитетот на авионите што слетале во главниот град се движел меѓу 110 и 180 седишта.

Како што пренесува СДК.мк, според видеа и објави на социјалните мрежи, голем дел од патниците биле иселеници по потекло од Струга и Кичево, двете општини во кои се гласаше во вториот круг од локалните избори.

Податоците на Државната изборна комисија покажуваат дека до 17:00 часот во Кичево излезноста изнесувала 48,29%, а во Струга 35,39%.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на

06/12/2025
Македонија

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ

06/12/2025
Македонија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ

06/12/2025
Македонија

НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НЕ Е ПРЕДМЕТ НА ПРЕГОВОРИ! Мицкоски за Стратегиската

06/12/2025
Македонија

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Усвоени и нови

06/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите деца во „Пулс“ одржаа нов „Марш за

06/12/2025
Македонија

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ, МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ УСПЕЕ! Завршна порака на

06/12/2025
Македонија

Мицкоски реизбран за претседател, тој беше единствен кандидат за претседател

06/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на коалицијата

06/12/2025

Вицепремиерот Арбен Фетаи му го честиташе третиот мандат на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека повторната поддршка од

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ ЗА КЛЕВЕТА Немам никакви удели

06/12/2025

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ СЕНТИМЕНТ Мицкоски на отворањето на

06/12/2025

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18. Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин”

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy