Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити – распитот сѐ уште трае!
Македонија

Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити – распитот сѐ уште трае!

27/10/2025

AA

Веќе пет часа во полициската станица Автокоманда трае распитот на директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ Сабахадин Рустеми и раководителот на истото претпријатие, Аки Саити. Според информациите, тие биле донесени околу 14 часот и можат да бидат задржани до 24 часа, односно до утре до 14 часот.

Сè уште не е познато дали Обвинителството ќе предложи притвор или ќе одреди други мерки на претпазливост. Исто така, останува неизвесно дали ќе се прошири листата на други лица кои ќе бидат повикани на распит или евентуално приведени.

Ова се случува по шестдневна истрага во ЈП „Комунална Хигиена“ и Градот Скопје, за време на која од претпријатието била одземена дополнителна документација.

Инаку, попладнево повторно се огласи на Фејсбук градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која објави ироничен статус во кој тврди дека директорот на ЈП „Комунална хигиена“ бил пуштен од полициска станица откако „признал дека е во срцето и душата ВЛЕН“.

Според нејзиниот пост, по неколку часа убедување во полициска станица, директорот бил ослободен веднаш штом потпишал изјава за членство во партијата ВЛЕН. Арсовска нагласува дека тој „не е виновен за ништо“ и дека својата работа ја извршувал „чесно и совесно“.

„Откако потпиша изјава дека е ВЛЕН, веднаш го пуштија да си продолжи со работата“, напиша Арсовска, додавајќи дека ваквите притисоци претставуваат политичка злоупотреба.

Во истата објава, таа ги прозва и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, обвинувајќи ги дека ветувале апсења на функционери од ДУИ, но наместо тоа „ги примаат во коалиција штом преминат во ВЛЕН“.

Случајот засега се третира како дел од истрага за можно лошо управување и загрозување на јавниот интерес и животната средина, но деталите засега не се објавени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
Македонија

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ

07/12/2025
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025
Македонија

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица

07/12/2025
Македонија

И дошле во двор и и кажале дека и е

07/12/2025
Македонија

🎥 ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ Милошоски

07/12/2025
Македонија

Пред Поликлиника Ченто пронајден починат маж!

07/12/2025
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА Милошоски вели

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38607
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се откаже новогодишната прослава во Кочани

07/12/2025

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во име на родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „Пулс“, денеска упати јавно

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ НАКИТ И ПАРИ Две жени

07/12/2025

Шеесет и двегодишна жена од Кочани пријави дека била измамена од две други жени кои требало да ѝ растурат магија.,

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и член на партискиот Извршен одбор, Антонијо Милошоски, денеска категорично ги отфрли информациите дека Македонија би можела

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy