
Вработените на ФЗО штрајкуваат, граѓаните револтирани
Втор ден штрајк во Фондот за здравство, вработените во подрачните единици ги извршуваат само најитните работни задачи. Техничкиот премиер Џафери најави дека повторно ќе се разгледува одлуката за намалување на платите во Фондот. За денеска е закажана владина седница.
И денеска нема да работат на барањата за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за надомести за породилно отсуство и за исплата на боледување, за осигурување во странство, за двојазични обрасци..
Непречено ќе работат лекарските комисии што ги продолжуваат боледувањата на вработените за тие што имаат потреба.
Техничкиот премиер Џафери најави дека повторно ќе се разгледува одлуката за намалување на платите во Фондот. За денеска е закажана владина седница.
-Веќе имавме координативна средба со институциите за да согледаме од каде потекнуваат причините за тоа. И секако институциите добиваат соодветна критика зошто дошле во ситуација по пат на јавен искажан став, преку протести и штрајк, да се дојде до право коешто е стекнато со определени одлуки, и веројатно тоа е оставштина од начинот на менаџирање на соодветните институции кои се надлежни по односните прашања, изјави Џафери.
