
ВО ЌЕЛИЈАТА НА ОБВИНЕТ ВО „КОЧАНИ“ НАЈДЕНИ 13 МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ЛАПТОП Судијката му се закани со самица

Судијката Диана Груевска Илиевска пред денешното рочиште за предметот „Кочани“ го прозва обвинетиот Џеваир Камбери, службеник од Министерство за економија, и му рече дека добила информација дека кај него се пронајдени мобилни телефони и лаптоп.
Тој рече дека ги затекнал кога влегол во ќелијата, дека не биле негови.
– Пронајдени се 13 телефони и не се ваши? Јас ве опоменувам, знаете дека ако се повтори, ви следува самица и други казнени мерки – рече судијката.
На денешното рочиште се очекува обвинетите да се изјаснат дали се чувствуваат виновни или не во врска со делата кои им се ставаат на товар.
Пред почетокот на денешното рочиште судијката информираше дека биле поднесени нови полномоштва за оштетени лица.
.

