
ВМРО-ДПМНЕ објавува првични неофицијални резултати: Водство во Скопје, Аеродром, Карпош и повеќе други општини
Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва продолжи да објавува првични и неофицијални резултати од Локалните избори 2025, базирани на податоци од нивните изборни штабови.
Според овие партиски информации, во клучната трка за Град Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 50.591 гласови, додека кандидатот на Левица е со 26.879 гласови.
Партијата објави водство и во неколку скопски општини. Во Аеродром, според нивните податоци, резултатот е 7.079 гласови за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 3.444 за СДСМ. Во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ брои 7.416 гласови, додека кандидатот Стевче Јакимовски (Стевче) има 6.478.
ВМРО-ДПМНЕ објави првични резултати и за повеќе општини низ државата:
Се нагласува дека ова се неофицијални информации објавени од партиски извори. Официјалните резултати од гласањето се очекува да бидат соопштени од Државната изборна комисија (ДИК).

