Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Виз ер со нови 5 линии – Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од аеродромот во Охрид
Македонија

Виз ер со нови 5 линии – Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од аеродромот во Охрид

27/10/2025

AA

Новите 5 авионски линии на Визер – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија.

„Многу сум среќен што денеска, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии почнуваат од двата аеродроми, во Скопје и Охрид. Секако со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на Виз ер.

Сигурен сум дека овие 5 дестинации дефинитивно ќе бидат посетени и сакам да додадам уште нешто, многу важно, дека овие нови дестинации кои ги најавувам, се избор на патниците, избор на оние патувачи кои што со нетрпение очекуваат да бидат повзрзани со овие градови од двата аеродроми, од овде во Македонија.

Исто така сакам да се заблагодарам на нашиот тим од ТАВ Аеродроми кои ја дадоа својата поддршка за да ги спремиме овие дестинации и сега да можеме да ги споделиме со патниците.  

Верувам дека ќе уживате во новите дестинации, ние не застануваме тука, ние сме посветени да обезбедиме што повеќе дестинации од двата македонски аеродроми и сигурен сум дека нè очекуваат уште повозбудливи нешта“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Новата линија Скопје – Стокхолм започна утрово со првиот лет во 6:05 часот. Овој пат Виз ер лета до главниот аеродром во Стокхолм – Арланда. Првиот лет на линијата Скопјe – Бари ќе започне со полетување на Виз ер до овој град на италијанскиот брег денеска во 14:40 часот. Oд аеродромот во Охрид, првиот лет за Базел полетува денеска во 12 часот.

Утре, на 28 октомври, ќе започне и новата линија Скопје – Мадрид, со првиот лет во 16:05 часот. Враќањето на линијата Скопјe – Ларнака ќе започне со лет што пристигнува од Ларнака до Скопјe утре во 7:15 часот.

Летовите кои што започнуваат денеска, 27 октомври, од Скопје до Стокхолм и Бари, како и од Охрид до Базел, ќе се одвиваат два пати неделно – секој понеделник и петок.

Летовите кои што започнуваат утре, 28 октомври, од Скопје до Мадрид, ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота, а од Скопје до Ларнака – вторник и сабота.

Како што соопштуваат од TАВ Македонија, тие очекуваат голем обем на патнички сообраќај на сите пет нови линии на Виз ер, имајќи го предвид фактот дека сите овие градови се атрактивни туристички дестинации, кои беа барани од патниците.

Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град. 

Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје – Стокхолм е нова авионска линија, бидејќи Виз ер отсега ќе лета кон главниот аеродром во шведската метропола – Арланда.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
Македонија

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ

07/12/2025
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025
Македонија

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица

07/12/2025
Македонија

И дошле во двор и и кажале дека и е

07/12/2025
Македонија

🎥 ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ Милошоски

07/12/2025
Македонија

Пред Поликлиника Ченто пронајден починат маж!

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38608
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА СПОМЕУВА СДСМ Ивица Томовски најави

07/12/2025

Директорот на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР) Ивица Томовски тврди дека не е сопственик, ниту, пак,

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се откаже новогодишната прослава во Кочани

07/12/2025

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во име на родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „Пулс“, денеска упати јавно

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ НАКИТ И ПАРИ Две жени

07/12/2025

Шеесет и двегодишна жена од Кочани пријави дека била измамена од две други жени кои требало да ѝ растурат магија.,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy