
Викендот не очекува сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот
Сончево со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со слаб до умерен ветер од
северен правец. T=30°C. P=990hPa. U=24%. V=3m/s.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево
и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи
зголемување на облачноста.

