
ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВСКО: 21-годишен мотоциклист загина откако излета од патот
Дваесет и едногодишно момче од Куманово вчера попладне го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, соопшти денеска СВР Куманово.
Според полицискиот извештај, несреќата била пријавена вчера во 17:25 часот.
„Во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управуван од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот“, информираше полицијата.
Од здобиените повреди, младиот мотоциклист починал веднаш на местото на несреќата.
Екипа на СВР Куманово извршила увид за да ги утврди причините за трагичната несреќа.

