
Реал Мадрид сака да го купи Ливаковиќ, ама ако Динамо прифати за (по)малку пари
Според порталот, близок до Реал Мадрид, „кралевите“ бараат резервен голман за Тибо Куртоа, за во иднина да го преземе местото на прв чувар на мрежата, но прашање е дали Ливаковиќ би прифатил вакво нешто, особено што брани извонредно и има понуди за прв чувар, а не за резерва.
Мадриѓаните сакаат да го ангажираат за пет до шест милиони евра, што е далеку од десетте милиони колку што е излезната клаузула од Динамо Загреб и само под тој услов голманот може да си замине од „Максимир“. На мадридскиот великан Ливаковиќ им го препорачал Лука Модриќ, а инаку втор голман на Реал е Украинецот Андреј Лунин.
