
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
И денеска продолжува потрагата по 16-годишното девојче кое беше повлечено од водите на реката Вардар, информираат од МВР.
Спасувачките екипи се на терен и интензивно трагаат по исчезнатото лице.
Надлежните информираат дека потрагата ќе продолжи сè додека девојчето не биде пронајдено, при што се ангажирани припадници на полицијата, нуркачи, Армијата и други служби за спасување.

