
Поттик за сите жени и мајки да се изборат за својата цел: Се одржа првата женска ноќна трка во Битола, трчаше и 76-годишна битолчанка!
Во Битола се одржа првата женска ноќна трка.
Во трката учествуваа 250 учеснички од 5 до 76 годишна возраст, а беа вклучени и лица со попреченост.
Највозрасна учесничка на оваа трка беше 76-годишната Доста Лазаревска, пишува СДК.МК.
Лазаревска истакна дека и на овие години постојано трча да ги заврши обврските во бавчата и пчеларниците, па одлучила да се испроба и со трчање на петкилометарската трка.
„Работата ми е во трчање, па си реков да видам дали ќе издржам и јас една трка да истрчам. Порано бев благајничка, а сега сум пензионерка и работам со пчеларство. Ова ми е прва трка. Ме одржува работата, имам бавчи, пчели одгледувам. Имам кондиција за трчање”, рече Лазаревска.
Таа додава дека целта и е да ги поттикне сите жени и мајки да си се изборат за својата цел.
ФОТО/ИЗВОР: СДК.МК

