Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицајци се осомничените за грабеж на златарата во Гостивар – со службено возило им чувале пат!
Македонија

Полицајци се осомничените за грабеж на златарата во Гостивар – со службено возило им чувале пат!

27/10/2025

AA

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден.

Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот.

На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа е пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото е пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар.

МВР во координација со ОЈО Гостивар презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на

06/12/2025
Македонија

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ

06/12/2025
Македонија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ

06/12/2025
Македонија

НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НЕ Е ПРЕДМЕТ НА ПРЕГОВОРИ! Мицкоски за Стратегиската

06/12/2025
Македонија

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Усвоени и нови

06/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите деца во „Пулс“ одржаа нов „Марш за

06/12/2025
Македонија

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ, МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ УСПЕЕ! Завршна порака на

06/12/2025
Македонија

Мицкоски реизбран за претседател, тој беше единствен кандидат за претседател

06/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на коалицијата

06/12/2025

Вицепремиерот Арбен Фетаи му го честиташе третиот мандат на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека повторната поддршка од

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ ЗА КЛЕВЕТА Немам никакви удели

06/12/2025

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ СЕНТИМЕНТ Мицкоски на отворањето на

06/12/2025

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18. Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин”

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy