Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?
Економија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

26/11/2024

AA

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Успешна предилница поседувана и управувана од петмина партнери. Успешна велешка локална приказна, фабрика чиј квалитетен конец се бара на пазарите во Германија, Австрија, Швајцарија, Данска, Франција и Холандија. Како македонскиот квалитет и знаење во оваа индустрија повеќе од 30 години пркоси на кинески цени и на турски обем

Една од последните големи „социјалистички текстилни творевини“ е жива и работи успешно. Велешки „Ветекс“ во првите девет месеци годинава гази на странските пазари. Исто како и лани и годината претходно.

 Официјалните податоци од неревидираниот биланс на успех покажуваат дека оваа компанија извезла предвиво и конец во вредност од 4,24 милиони евра за девет месеци.

„Ветекс“ е компанијата со седиште во Велес која е целосно извозно ориентирана и еден од последните текстилни компании кои работат успешно во Македонија. Веројанто таа е последната голема македонска предилница која не само што не згасна во транзицијата туку продолжи успешно да расте и да се развива. Тоа го покажуваат и нејзините резултати.

Во првите девет месеци годинава извозот во споредба со лани е зголемен за 10 отсто. Вкупната продажба на конец и предива изнесува 4,28 милиони евра и бележи раст од 9 отсто. Во структурата на продажба домашниот пазар учествува со само 40.000 евра и бележи намалување од 46 отсто во споредба со лани. Тоа значи дека „Ветекс“ годинава и тоа малку домашна продажба од лани го заменил со извоз.

Оперативните расходи на компанијата за првите девет месеци годинава изнесуваат 4,1 милиони евра. Најголемо учество имаат трошоците за суровини и материјали и изнесуваат 2,2 милиони евра. Нема значајна промена од лани затоа што зголемувањето изнесува 4 отсто. Значаен раст има кај втората најголема расходна ставка, а тоа се трошоците за вработените. Тие се зголемени за 20 отсто и изнесуваат 971.000 евра. Ако се анализираат зголемените приходи во корелација со тоа што нема значаен раст на трошоците за суровини и материјали може да се заклучи дека растот на трошоците за вработени е компилација од зголемени плати и делумно зголемен обем на работа што значи и нови вработувања.

Оперативната добивка на „Ветекс“ изнесува 187.000 евра и тоа е двојно повеќе од истиот период лани. Нето добивката на компанијата пак расте за 76 отсто во однос на лани и изнесува 176.000 евра.

Многу важно е да се истакне дека „Ветекс“ нема финансиски расходи што наведува на заклучок дека компанијата нема кредити и други заеми кои ја обременуваат нејзината ликвидност. Вкупните финансиски расходи за девет месеци изнесуваат помалку од 2.500 евра.

„Ветекс“ е успешна компанија во која 82 отсто од акциите држат петмина партнери од кои четворица го носат презимето Галеви. Најголем поединечен акционер е Дејан Галев кој поседува 24,96 отсто од акциите. Стоиле Митев поседува 19,8 отсто, а Стефан Галев има 17,6 отсто. Ѓоре и Горан Галеви поседуваат по 10 отсто од акциите.

Малцински акционери се едно домашно правно лице кое поседува 2,46 отсто и уште 2,5 отсто делат 140 домашни физички лица.

„Ветекс“ според тоа што го декларирале на нивната веб страница произведува памучен конец за шиење, разновидни трико предива со највисок степен на доработка, екстра класа на конци за хеклање, високо оплеменети конци за разновидно плетење во голем број на бои. Продуктите ги изработуваат од широк спектар на материјали и тоа: чист памук, лен, волна, свила, синтетички влакна и комбинација од истите.

Со изработка на предива и конци оваа компанија се занимава од 1989 година. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонец осуден на 15 години затвор за планирање напад на

29/05/2026
Македонија

Историски успех: Катерина Ацевска е прва во светот во џиу-џицу!

29/05/2026
Македонија

Приведени осум лица во случаи поврзани со дрога

29/05/2026
Македонија

Девет возачи уапсени за безобѕирно управување возило, пијани управувале мопед

29/05/2026
Македонија

Македонскиот фудбал во жалост: Загина младиот Аган Асани

29/05/2026
Македонија

Нè очекува претежно облачно, но топло време – температурите во

29/05/2026
Македонија

Откажале фрекфенциите на главната радио станица на Солунска глава, контролата

29/05/2026
Македонија

Загина 13-годишен малолетник од с.Черкези!

29/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43529
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонец осуден на 15 години затвор за планирање напад на концерт на Тејлор Свифт во

29/05/2026

Во Австрија е изречена пресуда од 15 години затвор за 21-годишен маж од македонско потекло, кој бил вмешан во планирање

Историски успех: Катерина Ацевска е прва во светот во џиу-џицу!

29/05/2026

Македонскиот спорт доби уште една голема меѓународна потврда, откако џиу-џицу натпреварувачката Катерина Ацевска се искачи на самиот светски врв во

Приведени осум лица во случаи поврзани со дрога

29/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум лица кај кои била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy