
Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Град Скопје
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вечерва издвои убедлива победа во Град Скопје.
Според официјалните резултати на ДИК, Ѓорѓиевски од досега пребројаните 90,06% од гласовите освоил 91.473 наспроти кандидатот на Левица Амар Мециновиќ кои има 57.645 гласови.
ВМРО-ДПМНЕ од скопските општини во вториот круг победи во Аеродром и Карпош додека СДСМ само во Центар.

