Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови пратеници во Собранието: Николовска, Стојановски и Андонов ги заменуваат градоначалниците
Македонија

Нови пратеници во Собранието: Николовска, Стојановски и Андонов ги заменуваат градоначалниците

03/11/2025

AA

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги утврди кандидатите кои ќе ги заменат Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски, кои беа избрани за градоначалници на локалните избори.

Според одлуката, пратеници ќе бидат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, образложи дека редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, овие тројца ќе ги заменат досегашните пратеници.

Стојановски доаѓа на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот. За новите тројца пратеници ДИК веднаш ќе го информира Собранието на РСМ.

Претходно, на денешната седница, Собранието констатира дека на Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски им престанаа пратеничките мандати, откако беа избрани за градоначалници на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп.

Кондарко истакна дека Александра Николовска и Мартин Стојановски ќе бидат пратеници за Изборната единица 1, а Мито Андонов за Изборната единица 4. ДИК ќе им издаде уверение, а Собранието потоа ќе ги верификува нивните мандати.

На денешната седница, ДИК ја усвои и Одлуката за доделување средства на своите вработени, припадниците на МВР и другите ангажирани лица за враќање на уредите за биометриска идентификација на гласачите користени во изборниот процес. Уредите ќе бидат донесени во ДИК, а потоа ќе бидат избришани сите внесени податоци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025
Македонија

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица

07/12/2025
Македонија

И дошле во двор и и кажале дека и е

07/12/2025
Македонија

🎥 ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ Милошоски

07/12/2025
Македонија

Пред Поликлиника Ченто пронајден починат маж!

07/12/2025
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА Милошоски вели

07/12/2025
Македонија

Го рушат митот: Сè повеќе жени се обучуваат за пожарникарки

07/12/2025
Македонија

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје!

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38605
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и член на партискиот Извршен одбор, Антонијо Милошоски, денеска категорично ги отфрли информациите дека Македонија би можела

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица како консумираат кокаин

07/12/2025

На 06.12.2025 околу 22:53 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека околу 22:00 часот,

И дошле во двор и и кажале дека и е направена магија: Им дала пари

07/12/2025

На 06.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Кочани, 62-годишна жена пријави дека била измамена од две женски лица. Според пријавеното,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy