
Нема оставки во ДУИ, Адеми вели ќе има партиски конгрес во декември!
Денеска во Мала Речица се одржа Централното претседателство на ДУИ, свикано од страна на претседателот Али Ахмети.
Портпаролот на партијата, Арбр Адеми истакна дека одржување на партиски конгрес до 20 декември е една од главните одлуки.
„Дискутиравме за сите развои, за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за колицијата итн. Имајќи предвид дека истечен рокот и за партиски конгрес, соочувајќи се со овие политички развои во државата е одлучено до 20 декември да се организираа партиски конгрес“, истакна Адеми.
Во однос на тоа дали се разговарало за оставки по резултатите од изборите, Адеми порача дека не се дискутирало тоа бидејќи ќе имаат внатрепартиски избори.
„Претседателот Ахмети кажа дека ние пораката ја примивме. На национално ниво сепак, остануваме најголемата политичка опција со над 23.000 гласа повеќе. За некои општини, да, тоа е резултат што веќе го имаме што вчера беше соопштен пред јавноста. И секако дека ДУИ влегува во процес на обнова и затоа се организира и партиски конгрес кој ќе треба да биде одржан до 20 декември“, додаде Адеми.

