
На тројца пратеници им престана мандатот по изборот за градоначалници
На тројца пратеници кои на локалните избори беа избрани за градоначалници им престана пратеничкиот мандат. Државната изборна комисија (ДИК) ќе го извести Собранието за следните кандидати кои треба да ги пополнат испразнетите пратенички места.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на почетокот на денешната седница потсети дека, согласно член 8 и член 152 од Изборниот законик, со денот на верификацијата на мандатот за градоначалник, автоматски престанува пратеничкиот мандат.
Пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска е избрана за градоначалник на општина Кисела Вода, Јане Мицевски за градоначалник на Сопиште, а Дејан Проданоски за градоначалник на Прилеп.

